Баба од Холандија има 107 години и го победи коронавирусот

од Vladimir Zorba

Холанѓанката Корнелија Рас, која била заразена со коронавирусот, успешно се опоравила на 107-годишна возраст.

Рас била во старечки дом во холандското село Сомелсдајк, каде што се заразила со вирусот, јавуваат локалните медиуми.

Холанѓанката, според агенцијата Анадолија, ја изгубила надежта дека преживее, но успеала да го победи КОВИД-19.

Во Холандија, денес се пријавени 777 нови случаи на заразени, со што бројот достигна 19.580, соопшти холандскиот институт за здравство.

Во последните 24 часа од новиот коронавирус починале 234 лица, додека вкупниот број кои го загубиле животот од болеста е 2.101.

Слични содржини