Баерн потпиша со 18-годишен дефанзивец од САД

од Vladimir Zorba

Баерн (Минхен) го привлече американскиот дефанзивец Крис Ричардс од Далас со долгорочен договор. 18-годишниот дефанзивец потпиша до јуни 2023 година, откако ја помина оваа сезона на заем кај баварците и играше за тимот до 19-годишна возраст.

„Крис добро функционираше во последната половина од годината и уверени сме дека ќе се развие во Баерн, а во него гледаме огромен потенцијал“, рече директорот на училиштето, Јохан Зауер.

Ричардс, кој е роден во Алабама, постигна два гола во 21 натпревар за Баерн.

Слични содржини