Чави со порака до идниот тренер на Барселона

од Vladimir Zorba

Чави Ернандез (44) доживеа нереални девет месеци во „својата“ Барселона.

Во тој период, претседателот на клубот Жоан Лапорта го убедил да го продолжи договорот, да се повлече од клупата на крајот на сезоната, да му ги прости долговите на клубот кога ќе го стори тоа и потоа да се премисли, за да го отпушти две недели подоцна и да го потсети на ветувањето дека нема да ги бара заостанатите долгови.

Без разлика што Лапорта јавно го понижи, а потсетуваме дека како играч се појави 767 пати во „сино-црвените“ бои и освои се што можеше да се освои – повеќе од еднаш – Чави не сакаше да каже ниту еден лош збор кон клубот и претседателот.

Напротив.

На прашањето дали ќе ги прости долговите, тој само рече: „За мене зборот е закон“.

Потоа, откако за последен пат како тренер ги водеше „блаугранас“, му остави и своевидна порака на неименуваниот наследник:

„Би сакал да му порачам на идниот тренер дека ќе страда многу и дека мора да биде трпелив поради тоа. Ова е многу непријатна позиција. Единственото нешто што ќе му ја спаси работата се победите“, изјави тренерот под кој Барселона минатата година го освои единственото шпанско првенство од 2019 година и беше вистински успех ако ги погледнеме финансиските проблеми низ кои поминува клубот.

Кога Чави се осмели јавно да проговори за тоа и кажа нешто што е апсолутно точно – дека Барса моментално не е во позиција да се натпреварува со најбогатите клубови во Европа и дека навивачите треба да бидат свесни за тоа – Лапорта го доби тоа што го чекаше – причина да го отпушти човекот кого со месеци го убедуваше да се премисли и да остане во клубот и следната сезона.

Слични содржини