Бајден: Израел да се фокусира на спасување животи на цивилите во Газа

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џозеф Бајден, на прашањето дали сака Израел да ги ублажи нападите врз Газа до крајот на годината, рече дека сака Израел да се фокусира на спасување на животите на цивилите.

„Сакам да бидат фокусирани на тоа како да спасат цивилни животи. Да не ги запираат нападите врз Хамас, туку да бидат повнимателни“, одговори Бајден на новинарско прашање, пренесе „Ројтерс“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот му рече на советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан дека Израел ќе ја продолжи војната против Хамас „до апсолутна победа“.

„Им реков на нашите американски пријатели – нашите херојски борци не загинаа залудно. Поради длабоката болка од нивната смрт, ние сме порешителни од кога било да ја продолжиме борбата додека Хамас не биде елиминиран – до апсолутна победа“, навел Нетанјаху, според соопштението од неговиот кабинет.

Слични содржини