„Бакнати од сонцето“ мултимедијален проект за лицата со попреченост

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, вечер ќе биде прикажан мултимедијалниот проект „Бакнати од Сонцето“. Проектот е резултат на работата на членовите на „Театар Пи“ Златко Митрески и Македонка Илиевска со лица со интелектуална попреченост од дневниот центар „Порака“.

Низ ситуации и театарски игри, со лицата со интелектуална попреченост се создал материјал, кој ќе биде дел на драматургијата во театарскиот перформанс „Бакнати од сонцето“.

Акцентот е ставен на нивната способност да бидат изведувачи- перформери и ангажирано низ говорот на телото на сцена да споделат со публиката еден интимен театарски чин.