Поранешната шефица на грчката дипломатија и сестра на премиерот Киријакос Мицотакс, Дора Бакојани утрово порачала дека меѓународните договори не се менуваат и не трпат промени, запрашана околу нејзиниот став за Преспанскиот договор.
„Скопје денес е во тешка позиција бидејќи не е соочено само со Грција туку и со целата меѓународна заедница“, кажала Бакојани во гостување на дебатна емисија на една грчка телевизија.
Во однос на Македонија и критиките на екс-премиерот на Грција, Андонис Самарас кој го повикал Мицотакис да подготви повлекување од, како што вели „национално опасниот Договор од Преспа“, Бакојани изјавила:
„За време на владеењето на Самарас, тогашниот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос, во име на тогашната влада зборуваше во ОН и рече дека Грција е за географска определба, ерга омнес, исто како што е постојаната позиција на Грција од денот кога се случи одлуката на НАТО самитот во Букурешт. Да ја завршиме приказната – ова е реалност и не се менува“, кажала меѓу другото поранешната грчка министерка.