Дачиќ огорчен: Самрак во меѓународното право, Србија отсекогаш била коректна кон Грција

Оваа одлука претставува директно кршење на нашите национални и државни интереси, повреда на нашиот територијален интегритет и самрак на меѓународното право, рече Дачиќ.

од Бети Божиноска

Шефот на српската дипломатија во техничката влада на Србија, Ивица Дачиќ, оцени декеска дека одлуката на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за препораката за прием на Косово во СЕ не мораше да биде „вака итна“, пишува црногорска „Борба“.

Тој додава дека не е во ред што предлогот го поднел главниот известувач за прием на Косово во Советот на Европа, Гркинката Дора Бакојани, „бидејќи Србија отсекогаш била многу коректна кон Грција“.

„Нема средба на која Грција не инсистира да го почитуваме нејзиниот територијален интегритет и суверенитет на копно, море и воздух. Дора Бакојани не е било која, таа е од семејството Мицотакис, таа е сестра на премиерот“, истакна Дачиќ.

Дачиќ во гостувањето на ТВ Пинк посочи дека некој оценил оти на Приштина ѝ е незгодно што некој таму е критикуван и дека е време да се изврши притисок врз Србија за да може да се реши нешто пред изборите во Америка.

„Не можете да го решите прашањето за статусот на Косово на еден начин, а потоа на друг начин да го решавате прашањето на Украина. Оваа одлука претставува директно кршење на нашите национални и државни интереси, повреда на нашиот територијален интегритет и самрак на меѓународното право“, рече Дачиќ.

Српскиот министер за надворешни работи додаде дека оваа одлука е спротивна на сите принципи на кои почива Советот на Европа иако Србија знаела дека тоа ќе се случи бидејќи поводот бил тоа што „му е вратено земјиштето на манастирот Високи Дечани, за што судот донесе одлука уште пред седум години“.

„Тоа е една манипулација. Доаѓа во време кога тие ништо не исполнуваат – не само што не исполнуваат туку и ја заоструваат ситуацијата во Косово го доведуваат нашиот народ во хуманитарна катастрофа. Ете тоа е политичката реалност во која живееме“, рече Дачиќ и додаде дека конечната одлука се очекува во мај.

Тој вели дека за тоа се потребни две третини од гласовите или половина од оние што гласале. Не се бројат оние што не гласале или биле воздржани,“ појасни Дачиќ.

Слични содржини