Балони со интересни пораки го преполнија главниот град

од desk3
69 прегледи

Социјалните медиуми се преполнија со фотографии на кои се гледаат балони поставени низ повеќе атрактивни локации во нашиот главен град Скопје кои ги збунија, но и заинтригираа граѓаните.

„Ха(л)отично Скопје“ и „Ајде погласно Скопје“ се само дел од пораките кои направија инвазија низ градот.

Освен на балони, ваквите пораки се најдоа испишани и на стикери низ атрактивните кафулиња во Скопје.

Граѓаните се прашуваат, дали некој ги повикува скопјани на гласна забава или пак станува збор за нешто друго?

Што најавува оваа герила акција, каде ќе не однесе и што ќе ни донесе останува да следиме бурно и видиме.