Бан: Се разочарав од многу светски лидери

од desk3
84 прегледи

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изјави дека се разочарал од многу светски лидери кои повеќе се посветени да останат на власт отколку да го подобрат животот на другите.

1442816433_pan-gi-mun

Тој додаде дека не разбира зошто Сирија е „заложник на судбината на еден човек, нејзиниот претседател Башар ал Асад“, пренесува Танјуг.

Бан истакна дека при приватен контакт лидерите имаат можност да ја запознаат неговата многу поразлична и поостра страна.

Иако го опишуваат како „тивок“, Бан тврди дека зборувал за човековите права повеќе од кој било западен лидер./MИА