Вооружени бандити го нападнаа автобусот на елитниот тим од Венецуела- Трухијанос и ги ограбија фудбалерите, соопшти официјалниот микроблог на клубот на Твитер.

Инцидентот се случил вчера во реонот на градот Бока де Учире, за време на патувањето на тимот кон дома по натпреварот од првенството против Монагас.
Шестмина тешко вооружени мажи го запреле автобусот со кој патувале играчите и им ги одзеле сите можни вредности – камери и фотоапарати, лаптопи, часовници, пари, спортска опрема, топки и други предмети. Фудбалерите биле во заробеништво повеќе од два часа и биле заплашувани дека ќе бидат разнесени со гранати, ако повикаат полиција. Монагас порано го освои дуелот со 2: 1.