Банкок е најпосетен град во 2017 година

од desk2
62 прегледи

Mastercard го објави Global Destination Cities Index во кој, меѓу останатото, објавен е податокот за најпосетени градови на светот во 2017 година.


Банкок со 20,2 милиони меѓународни посетители се најде на првото место, а следат Лондон со 20 милиони, Париз и Дубаи со 16 милиони посетители па Сингапур со 13,45 милиони посетители.
На шесто место е Токио со 12,5 милиони посетители, а следат Сеул, Њујорк и Куала Лумпур.

Со нешто повеќе од 9 милиони посетители на десетто место се наоѓа Хонг Конг, а на единаесетто место е Истанбул. Барселона и Амстердам со речиси 9 милиони посетители ги зазедоа 12 и 13 место.


Следат Милано со нешто повеќе од осум милиони посетители, па Осака, Тајпеј и Рим до повеќе од седум милиони посетители.
Повеќе од шест милиони посетители имале Шангај, Виена, Прага и Мајакми. Помалку од шест милиони посетители поминале низ Лос Анџелес, индискиот град Ченај, па Даблин и Мадрид.


Минхен имал 5,4 милиони посетители, Мумбаи и Торонто по 5,3 милиони, а Берлин нешто повеќе од пет милиони посетители.

На 30 место е јужноафриканскиот град Јоханесбург, кој оваа година го посетиле 4,8 милиони луѓе.