Британскиот уметник Банкси објави видео на социјалните мрежи, како поставува свој штанд на
пристаништето во Венеција, а полиција го брка.

Во неговата сметка на Instagram, анонимниот уметник напиша: „Иако е најголемиот и
најпрестижниот настан во светот на уметноста на глобално ниво, поради некоја причина, јас не сум
поканет“.
https://www.instagram.com/p/BxxOKYflVSl/?utm_source=ig_web_copy_link
На снимките се гледа човек, наводно, Банкси. Тој поставува голем штанд со слики направени со
маслени бои, кои формираат поголема слика на крузер во каналите на Венеција. Кон неа има и
натпис: „Венеција во масло“ (Venice in oil).
Откако полицијата побара да замине поради недостиг на дозвола, Банкси ги собра неговите слики
и си замина. А зад уметникот се гледа крузерот, насликан од него.