Барбара Стрејсенд откри интересни детали од дружењето со принцезата Дијана

од Vladimir Zorba

Во своите мемоари „My Name is Barbra“, американската актерка и пејачка, Барбара Стрејсенд со своите обожаватели сподели различни интересни моменти од нејзината кариера. Таа на читателите им открила различни досега непознати тајни од бракот со Џејмс Бролин, како и какви биле нејзините средби со членовите на кралското семејство.

Уште порано, Барбра Стрејсенд откри дека, пред да ја запознае Дајана, принцот Чарлс покажал голем интерес за неа и дека и испраќал цвеќиња од својата градина. Таа на шега рекла дека можела да стане првата еврејска принцеза, но во своите мемоари открила дека вистинската британска принцеза навистина ја импресионирала.

Стрејсенд била импресиониран од работата на Дијана за дестигматизирање на ХИВ и тие се запознале на лондонската премиера на филмот „Господар на плимата“ во 1992 година.

Таа вечер, принцезата Дијана направила потег кој ја убедил дека навистина го „чува грбот“ на жените ширум светот, вклучувајќи ја и неа. Имено, патентот на здолништето и се спуштил малку додека седела, а принцезата забележала мала неправилност и веднаш почнала да ја коригира за пејачката да не се посрамоти пред толпата луѓе во еден лондонски театар.

„Патентот на здолништето ми се спушти малку додека седев, а таа забележа и брзо почна да ми го прицврстува додека станував“, напишала во своите мемоари.

Дополнително, принцезата Дијана потоа ја прашала дали знае колку е прекрасна, а Стрејсенд признава дека прашањето тогаш ја шокирало и дека и денес не го знае одговорот.

„Тогаш сигурно не го знаев тоа. Дали го знам тоа денес? Не сум сигурна… можеби малку. Мислев дека Дијана е прекрасна. Се прашувам дали знаеше колку е прекрасна“, напиша Стрејсенд.

Слични содржини