Барса го претстави Кунде, тој веднаш зборува за победи

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Дефанзивецот Жил Кунде беше претставен како уште едно ново засилување за Барселона во друштво на претседателот на клубот Жоан Лапорта. Двајцата и официјално го потпишаа договорот на до неодамна фудбалерот на Севиља, кој во петокот веќе ги помина медицинските тестови и тренира со тимот на Чави Ернандез.

„Многу сум среќен и горд што пристигнав во толку голем клуб. Им благодарам на претседателот и на навивачите. Се што треба да направам е напорно да тренирам и да победувам”, изјави 23-годишниот Французин на неговото претставување.

Кунде вети дека во рок од неколку месеци ќе се обиде да зборува каталонски.

„Ви благодариме за трудот што го вложивте за да дојдете овде. Ни се допаѓаат играчите кои сакаат да играат во Барса. Ве чекавме. Да им честитаме на Матео Алемани, Жорди Кројф и Рафа Јусте што го овозможија овој трансфер, што беше побаран од нашиот тренер. Чави имаше голема желба да дојдеш. Да ни ги покажеш сите твои квалитети. Сигурно е дека ќе имаме многу успеси“, му посака добредојде Лапорта.

Кунде станува 26-тиот Французин кој игра за Барселона. Доаѓа за 50+10 милиони евра.

Слични содржини