Многумина раководители, дејци, фудбалери и фанови го сметаат Лео Меси за незаменлив во составот на Барселона. Таквите изјави повеќепати се правеле на адреса на Аргентинецот, особено во моментите во кои бил повреден или поради некоја друга причина бил надвор од теренот.

Но авторитетниот сајт за статистика Opta Joe извади статистика, која зборува друго. Или барем за натпреварите на каталонците во Лигата на Шампионите. Од таму извадија статистика за сите дуели од турнирот во кои Меси бил дел од составот на “каталонците” и според неа, всушност шпанскиот шампион постигнува подобри резултати без Аргентинецот.
Откако напаѓачот е дел од првиот тим, Барса има 132 натпревари во Лигата на шампионите. Од нив, тој играл во 98, како процентот на победите е 61.2%. Кога аргентинската ѕвезда по една или друга причина не бил меѓу учесниците во битките, каталонците имаат 64.7% победи во 34 дуели.
Но влијанието на Меси се чувствува кај головата успешност на тимот. Без него во составот, тимот постигнал 61 пати во 34 битки, што го прави во просек по 1,8 на натпревар. Со него, погодоците стануваат 215 во 98 средби или во просек по 2,2 на натпревар, што значи дека сепак влијанието на Аргентинецот на тимот продолжува да е огромно.