Бартомеу: Валверде останува, тој е вистински човек за Барселона

од desk2
101 прегледи

Тренерот Бернардо Ернесто Валверде останува во Барселона и следната сезона, потврди првиот човек на шпанскиот шампион.

Ова изјава доаѓа по објавата на Валверде дека не е сигурен дали  ќе биде тренер на каталонскиот клуб по завршување на сезоната кога му истекува договорот.

-Не се сомневаме во неговиот квалитет. Наскоро ќе направиме нов договор. Валверде е паметен тренер, достоен, е вистински човек за нас. Ќе ја предводи Барселона и во новата сезона, изјави Бартомеу за каталонски „Спорт“.

Пред да дојде на „Камп Ноу“, тој ги предводеше Еспањол, Атлетик Билбао, Олимпијакос, Виљареал и Валенсија.