133
Двајца бегалци се обидоа да се обесат на централниот плоштад во грчката престолнина Атина, соопшти РИА “Новости”. Инцидентот се случил во четвртокот. “На плоштадот” Викторија “беше извршен обид за самоубиство. Веројатно на тој начин мажите сакале да го изразат својот протест против неможноста да ја напуштат Грција”, изјави претставник на локалната полиција.
Се претпоставува дека мажите се од Палестина. Според локалните медиуми со своите постапки веројатно сакале да го привлечат вниманието на јавноста кон проблемот на бегалците.
Хрватска и Словенија нема да пуштаат по 500 мигранти дневно
Грците стравуваат дека ако Европа одлучи да ги затвори своите граници, земјата ќе се претвори во камп за имигранти.