„Бехтел“ не е ентитет на американската влада, велат од амбасадата на САД за договорот за коридорите

од Vladimir Zorba
151 прегледи

„Бехтел“ не е ентитет на американската влада и ова не беше договор на американската влада. Иако Амбасадата на САД не е вклучена во одредувањето на исходот од приватните инвестиции, поттикнувањето на економскиот развој и комерцијалното партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија останува една од примарните мисии на Амбасадата, велат за „Алфа“ од Амбасадата на САД.

Амбасадата, се вели во изјавата, понекогаш служи како советодавен капацитет за деловната клима во Северна Македонија за американските компании кои сакаат да се прошират овде, но не презема никаква улога во преговорите или диктира услови за каков било договор.

-Прашањата за преговарачкиот процес и резултатите треба да се упатат до преговарачките страни“, велат од амбасадата.

Слични содржини