„Бејби бум“ после пандемијата? Тешко веројатно

од Elena Daskalova
509 прегледи

Уште од самиот почеток на изолацијата на интернет се појавија и шегите дека за девет месеци ќе има бејби бум во светот.

Таков исход би бил очекуван, но специјалист за медицина од Универзитетот Јејл смета дека всушност, резултатите би биле сосема спротивни на тоа.

„Епидемиолошките податоци од поранешните карантини и слични ситуации, како и елементарни непогоди, во кои голем број луѓе умираат, всушност придонесува за пад на наталитетот“, објаснува докторот Џејми Мејер, додавајќи дека 10-11 месеци по завршувањето на пандемијата, стапката на наталитетот всушност се враќа во нормала.

Пад на наталитет е забележан при пандемијата на грип од 1889 година, а статистичките податоци го забележале истото и при големиот разорен земјотрес во Токио од 1923 и рушењето на кулите-близначки во Њујорк во 2001 година.

Траумата, било да е предизвикана од елементарна непогода или од пандемија на опасна болест, всушност воопшто и не придонесува за зголемување на наталитетот. Мејер советува дека оние што сакаат да забременат пред завршувањето на пандемијата, може да се соочат со ограничена здравствена нега, но и неизвесност, бидејќи уште нема конкретни наводи што може да се случи ако мајката се зарази со вирусот за време на бременоста. Всушност, кој би сакал да добие дете за време на пандемија, кога не е сигурно за колку време таа може да заврши?

„Во овој период сме изложени на стрес и ни звучи примамливо да ја романтизираме приказната за бејби-бум за да ни даде надеж, но верувајте дека многу поважно е да мислите на здравјето на оние кои веќе се тука и се борат со пандемијата и да постапувате според упатствата дадени од вашето министерство“, препорачува Мејер.

Слични содржини