Бејта: Груевски прв предложи двојазични полициски униформи

од desk2
83 прегледи

Во емисијата „Патот кон“ на Алсат М, потпретседателот на ДУИ Невзат Бејта го демантираше Илија Димовски, кој што кажа дека ВМРО-ДПМНЕ не преговарала со ДУИ за платформата и кажа дека ВМРО-ДПМНЕ предложила двојазичност на полициските униформи

„Тоа беше нивен предлог, со кој се согласивме и ние, полицајците Албанци да имаат униформи на албански јазик. Тоа е нивен предлог, полициските униформи на Албанците да бидат двојазични на македонски и на албански јазик.“ рече Бејта.

Од ДУИ велат дека коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ не била постигната поради различните позиции околу СЈО. Од ДПМНЕ пак, и натаму тврдат дека до договор не дошло поради тоа што Груевски ја одбил албанската платформа.