Бекамови фотографирани на јахта во Мајами, парот се гушка додека разговара со пријателите

од Vladimir Zorba

ДЕЈВИД БЕКАМ и неговата сопруга Викторија се фотографирани во Мајами на нивната јахта.

Од фотографиите гледаме како модната дизајнерка e седната во скутот на нејзиниот сопруг, а тој ја гушка додека разговараат со пријателите.

Луксузната јахта на семејството Бекам вреди шест милиони евра. Станува збор за јахта со спортски дизајн, која е направена по нарачка во италијанското бродоградилиште Ферети. Долга е 28,5 метри и има девет кабини. Од нив има четири кабини за екипажот, а секоја од нив има посебна бања. На јахтата можат да се сместат најмногу десет луѓе.

Инаку, Дејвид и Викторија на почетокот на јули ја прославија 23-годишнината од бракот. Неколку дена потоа заминаа на одмор, а меѓу другото го посетија и дубровничкиот крај. Тие беа лоцирани во луксузниот комплекс „Лопуд 1483“ во Лопуд.

Слични содржини