Бектеши детално објасни за колку ќе поевтини струјата на сметки од 1000 и 2000 денари

од Nikola Popovski

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска подетално објасни како ќе се применува новата цена на електричната енергија на сметките кај граѓаните, после 1-ви јануари. Според Бектеши, ако на сметка од 2000 денари, ако тарифата за дистрибутивна мрежа е моментално речиси двојно од тоа што се плаќа за електрична енергија, таму има намалување од 27%.

-Намалување од 27% на 1000 денари е 270 денари. Ако плаќаш надоместок од 200 денари, имаш намалување за 70 денари. Да не зборуваме за сметки што се повеќе од 1000 денари, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

-Ако вие имате сметка од ЕВН од 2000 денари, каде 1000 денари плаќате за мрежата и 1000 денари за струјата. Со одлуката на РКЕ, 1000 денари за мрежата се намалува за 27%. Со воведување на новата давачка, вие пак имате намалување за 70 денари. Ако е 2000 денари, намалувањето е уште поголемо. Сите во првиот блок ќе добиваат пониски сметки за струја, додаде министерот.

Слични содржини