Бела куќа: Северна Кореја и обезбеди на Русија балистички ракети и фрлачи

од Vladimir Zorba

Северна Кореја неодамна и обезбеди на Русија балистички ракети и фрлачи за употреба во конфликтот во Украина, соопшти денеска Белата куќа, повикувајќи се на декласифицирани разузнавачки информации.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека трансферот на оружје на Северна Кореја во Русија е „значајна и вознемирувачка ескалација“ и додаде дека САД ќе воведат дополнителни санкции против оние кои ја олеснуваат продажбата на оружје, пренесe Ројтерс.

Кирби нагласи дека Иран не ја снабдува Москва со балистички ракети со краток дострел, но дека Вашингтон верува дека Русија има намера да купи дополнително ракетно оружје од Техеран.

Слични содржини