Конструкцијата ја носат 16 антички столбови,а на покривот се виорат дури четири знамиња. Внатрешноста, исто така, е приказна за себе

Антички столбови, позлатен мебел, „Ламборџини“ во претсобјето, римски богови… Милионерот Кенед Фокај во косовскиот град Ѓаковица изградил куќа која по архитектонското решение се разликува од се што досега е видено. 
Конструкцијата ја носат 16 антички столбови,а на покривот се виорат дури четири знамиња и тоа на: Албанија, САД, Швајцарија и на Косово. Внатрешноста, исто така, е приказна за себе. На таванот се пресликани мотиви од Систинската капела, насекаде има позлатен мебел и скулптури на римски богови,а еден од најчудните експонати е вистинскиот „Ламборџини“. Сопственикот на куќата вели дека бил инспириран од хеленистичката култура. Но може да се види и сцена од Косовската битка, која се одигрува пред храмот Партенон.
Косовскиот портал „Бота сот“ објави прилог за овој интересен дом и нејзиниот градител Кенед Фокај, кој повеќе години живее и работи во Швајцарија.