Белгија го суспендира барањето за екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија

од Aleksandar Petrovski
236 прегледи

Белгија нема да ги екстрадира функционерите на каталонската сепаратистичка партија Карлос Пуџдемон и Тони Комин пред Европскиот парламент да се изјасни за барањето за укинување на имунитетот на тие европратеници, пресуди денеска белгискиот суд.

Еден од нивните адвокати Симон Бекаерт ја потврди одлуката на советодавната комора на фламанскиот суд во Брисел.

– Судијата одлучи да го одложи барањето за екстрадиција на неодредено време … сè додека Европскиот парламент не донесе одлука за барање за укинување на имунитетот, рече адвокатот.

Пуџдемон, поранешниот претседател на Каталонија и Комин, еден од неговите поранешни министри, избегаа во Белгија на крајот на октомври 2017 година по обидот за отцепување на регионот.

Шпанија ги обвинува за бунт и веќе издала неколку европски потерници за нивно апсење.

Пуџдемон и Комин се европратеници и уживаат имунитет врз оваа основа.

Слични содржини