Белград ќе мора да решава: со ЕУ или со Русија

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Новата српска премиерка Ана Брнабич беше изјавила во интервју за Американката агенција “Блумберг” дека нејзината земја е подготвена да се откаже од пријателството со Русија, ако треба да избира меѓу приближување со Москва и интеграцијата во ЕУ.

Таа, исто така не ја исклучи можноста за пристапувањето на Србија во антируски санкции. Подоцна Брнабич изјави на средба со рускиот амбасадор Александар Чепурин дека нејзините зборови биле погрешно протолкувани. Според неа Србија нема намера да ги жртвува односите со Русија, интегриранi со Унијата.

“Ако го следиме   јазикот на дипломатијата, кој често треба да биде неопределен, и ако ги погледнеме на фактите трезвено, ќе стане јасно дека процесот на европската интеграција и развој на соработката со Русија се два различни пола, смета директорка на белградскиот Центар за геостратешки истражувања Драгана Трифковиќ. Иако до одреден момент  е можно да се оди по двата колосека, јасно е дека во одреден момент Србија ќе мора да се дефинира  “.

Експертката појасни дека ЕУ има железни правила, кој секој нов член треба да го прифати. Во таа смисла одлучувачки момент за српско-руските односи по патот на евроинтеграцијата на Србија ќе станат преговарачките поглавја 29 и 31, смета таа .

Поглавје 29 ја обврзува земјата да го   раскинена Договорот за слободна трговија со Русија и да го  прифати системот за интегрална оданочување за увезената стока, која дејствува во ЕУ.

Глава 31 се однесува до надворешната политика и политиката за безбедност на ЕУ. Таа ги обврзува земјите-членки да се откажат од својот суверенитет, потсети Трифковиќ. Таа појасни дека во упатството на ЕУ, објавен во билтенот на Информативниот центар на ЕУ во Белград, е наведено: “Земјите членки треба да имаат можност да вршат политички дијалог во рамките на Заедничката надворешна политика и политиката за безбедност, да се помират со барањето со ЕУ , да учествуваат во мерките на ЕУ и да ги применуваат утврдените санкции и ограничувачките мерки.

Од земјите што поднеле барање за членство, се бара постепено спроведување во согласност со пораките на ЕУ, односно спроведување на рестриктивни мерки, таму каде што е потребно “.

Затоа, објасни Трифковиќ, Србија повеќе пати  слушналаод  европски официјални лица дека треба да воведе санкции против Русија и на тој начин да ја усогласи својата надворешна политика во согласност со барањата на ЕУ во текот на пристапувањето кон организацијата. “Ставот на српската Влада засега е нејасен, но тоа ќе мора да биде разјаснето  во иднина. Промената ќе биде неизбежен поради главите 29 и 31 “, убедена е Драгана Трифковиќ. Но онака, продолжи таа, ниту една влада не треба да прифаќа стратешка одлука без согласност на граѓаните на Србија. “Јас лично сметам дека прашањето за пристапувањето на Србија во ЕУ треба да биде ставено на референдум. При тоа е потребно отворено и слободно дискусија на темата од српската јавност, благодарение на што српските граѓани ќе можат да добијат точна слика за позитивните и негативните страни од членството во ЕУ “, рече таа. Ако дури и не се земат предвид чувствата на српскиот народ кон Русија, не треба да се занемарат државните и националните интереси, рече Трифковиќ.

“Главниот проблем што ќе добиеме или ќе изгубиме со влезот во ЕУ може да биде поставено и кон Русија. Кое повеќе ќе ни помогне да го сочуваме територијалниот интегритет – членството во ЕУ или соработката со Русија?

Ќе може ли да развиваме подобро национална економија со европските фондови или преку партнерството со Русија?

Потребна  ли ни е политика на безбедноста во рамките на ЕУ, која може да предизвика спротивности  од Русија, или воена неутралност?

Ова се прашањата на кои ние како општество треба да одговориме “, тврди експертката . Дилемата околу изјавите на српската премиерка предизвика многу интересни моменти, смета експертот Марко Пејовиќ, кандидат на историските науки.

“Дали Србија ќе најде во себе доволно сили за да издржи и продолжи сегашниот надворешнополитички курс зависи најмалку од Белград и многу повеќе од степенот на ризик, кој неизбежно ќе настане”, смета Марко Пејовиќ.

Според него, во интерес на Русија е сегашното статус кво да се зачува што е можно подолго. Во интерес пак на САД е целосна интеграција на Србија во НАТО и Балканот целосно да падне во сферата на влијание на Вашингтон.

За Србија најдобра опција е оној кој ќе и донесе најмалку штета во материјален и морален смисол. “Затоа власта во Белград ќе се потруди да ја  задржат сегашната политика што е можно подолго, ќе се бара разбирање и од Москва, и од Вашингтон и од Брисел. А ако треба да избира, земјата во сите случаи ќе загуби нешто – или во материјален или во морален смисол “, резимира Пејовиќ.

—————————————

Анализата е објавен на интернет агенцијата EADaily.