Белград: Од денес вакцинација со „Спутник V“, без претходно закажување

од Nikola Popovski

Од денес Белграѓани ќе можат да се вакцинираат со вакцината Спутник без претходно закажување, а од вчера тоа беше можно и со вакцината Фајзер.

Најавувајќи го ова олеснување, заменик-градоначалникот Горан Весиќ повторно апелирал до граѓаните кои сè уште не биле вакцинирани да го сторат тоа.

„Градот Белград прави се што е можно за да вакцинира што поголем број граѓани и затоа им го олеснува имунизацијата без закажување. Ги повикувам сите граѓани да го користат затоа што тоа ќе придонесе за стекнување колективен имунитет во Белград што е можно поскоро. На тој начин најбрзо ќе се вратиме во нормалниот живот“, рече Весиќ.

Без претходно закажан термин, вакцинацијата е можна во сите здравствени домови и во амбулантите на здравствените домови во белградските општини.

Слични содржини