Традиционалната трка Belgrade Underpants Run, денеска по третпат се одржа во српската метропола.

Петнаесетина најхрабри денеска напладне на Дорчолскиот кеј истрчаа по 1.600 метри секој и покажаа дека снегот и температурата од само минус три степени не им пречат ако добро се забавуваат.