Бензема постави личен рекорд во Ла Лига

од Vladimir Zorba

Францускиот ас на Реал Мадрид, Карим Бензема постави личен рекорд по настап во шпанската Ла Лига. Напаѓачот од Мадрид му донесе успех на својот тим на гостувањето кај Севиља, откако победи со 3:2.

Неговиот гол во додаденото време донесе целосен пресврт за „белиот балет“ и беше број 25 за него оваа сезона. Бензема постави рекорд на 28 одиграни натпревари досега за Реал.

Неговиот претходен врв беше 24 гола на 27 натпревари во сезоната 2015/2016. Французинот е дел од Реал од 2009 година.

Вкупниот број на голови на Бензема за Реал оваа сезона се 39. Тој има и 12 погодоци во Лигата на шампионите, како и два гола за Суперкупот на Шпанија.

Слични содржини