Бербок: Кина може да ја убеди Русија да се придржува до резолуцијата на ОН

од Vladimir Zorba

Кина би можела да го искористи своето влијание како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации за да ја убеди Русија да се придржува до резолуцијата на ОН за мир за Украина, која ја поддржуваат 141 земја, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Кинескиот документ од 12 точки содржи многу познати позиции, рече Бербок, додавајќи дека е важно Кина да издаде предупредување против нуклеарна ескалација, објави Ројтерс.

Сепак, „оние кои зборуваат за мир не смеат да мислат на потчинување“, додаде таа.

Слични содржини