Бербок: Кредибилитетот на ЕУ е доведен во прашање поради корупцијата во ЕП

од Stefanija Kuzmanovska

Кредибилитетот на Европската унија е доведен во прашање во случајот со наводната корупција во Европскиот парламент, предупреди денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Таа најави дека овој, како што го нарече „неверојатен инцидент“, мора целосно да се „разјасни со целосна примена на законот“.

„Овде станува збор за кредибилитетот на Европската унија, така што повлекува последици во различни области“, изјави Бербок за новинарите по пристигнувањето на министерскиот состанок на ЕУ во Брисел.

Слични содржини