Бербок позитивна на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ќе го прекине своето службено патување во странство, бидејќи денеска била позитивна на тестот за коронавирус во Пакистан.

Бербок го направила тестот откако забележала дека го изгубила чувството за вкус за време на ручекот, се наведува на официјалниот Твитер профил на нејзиното министерство.

Таа беше негативна неколку часа претходно.

Таа денеска по пристигнувањето во Исламабад се сретна со нејзиниот пакистански колега Билавал Буто Зардари.

Министерството соопшти дека сите понатамошни планови се откажани, а не се знае кога ќе се врати во Германија.

Таа требаше да остане во Пакистан до среда, а потоа да отпатува за Грција и Турција.

Слични содржини