Бербок: Руските напади врз Украина се напади врз целото човештво

од Nikola Popovski

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок изјави дека руските напади врз Украина претставуваат напади врз целото човештво.

Бурбок е во официјална посета на Лисабон, главниот град на Португалија, а во својот говор остро го осуди продолжувањето на руските напади врз Украина и ги повика европските партнери да не ја намалуваат поддршката за Украина.

„Руските воздушни напади врз украинската инфраструктура немаат друга цел освен да ги лишат Украинците од нивната егзистенција. Руските напади се напади врз човештвото“, рече Бербок.

Таа рече и дека единството на Европа е зајакнато минатата година и мора да се зачува и дополнително да се развива во новата година.

„Не треба да има ни најмал сомнеж за поддршката на Европа за Украина, бидејќи секој знак за намалување на поддршката го охрабрува Путин“, изјави шефицата на германската дипломатија.

Слични содржини