Берлиналето започна како и секогаш со политичка тензија

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Берлиналето, како што е познат кинофестивалот во германската престолнина, започна со биографски филм за белгискиот џез гитарист од ромско потекло Џанго Рајнхард и јавно ветување на американската актерка Меги Гиленхал дека сонародниците се “подготвени да се спротивстават” на Доналд Трамп. За главната награда “Златна мечка” ќе се натпреваруваат 18 филма. Жирито на чело со режисерот Пол Верховен ќе ја објави својата одлука на 18 февруари. Холандскиот кинотворец рече дека се надева филмовите дека ќе се нетрадиционални и спорни и е подготвен за жестоки спорови со своите колеги.

Извојувајќи си го угледот на најполитички ориентиран голем филмски фестивал, Берлиналето веднаш го зеде на нишан американскиот претседател Трамп.

“Сакам луѓето да знаат дека во мојата земја оние кои се подготвени да се спротивстават, се навистина многу”, истакна 39-годишната американска актерка Меги Гиленхал.

Мексиканскиот режисер и актер Диего Луна користеше хумор за да ја критикува намерата на Трамп да подигне ѕид долж границата со Мексико и рече дека “е дојден тука за да разбере како се рушат ѕидови”, имајќи го предвид Берлинскиот ѕид.

Првиот филм прикажан на Берлинале, е “Џанго” – режисерско деби на Етиен Комар. Директорот на фестивалот Дитер Кослик го нарече “потресна приказна за опстанокот” на музичарот, принуден да го напушти окупираниот од нацистите Париз.

Во 11-те дена на Берлинале ќе бидат прикажани вкупно 400 филмови од 70 земји.