Беровчанец си лажирал „киднапирање“ за да изнуди 10.000 евра од својот татко

427 прегледи

Од одделението при МВР во Берово, објавија дека лишен од слобода е 29. годишниот М.П. од беровското село, Будинарци, кој како што посочуваат, сторил кривично дело изнуда.

„Тој во текот на вчерашниот ден самоволно измислил и фингирал сопствено наводно грабнување, за кое изјавил дека го сторил од финансиски причини. Имено, неговиот татко Д.П. (57) вчера околу 18.00 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово пријавил дека добил смс-порака од телефонот на неговиот син, со која се барало изнуда од 10.000 евра за да биде пуштен неговиот син“, посочија од МВР.

Како што информираат, според пријавеното, порака со слична содржина на апликацијата „месинџер“ добила и неговата снаа М.П. Во координација со Јавен обвинител и во соработка со полициски службеници од СВР – Штип биле преземени мерки и активности, а на разговор биле повикани Љ.П., брат на пријавениот и М.П., сопруга на пријавениот, чиј мобилен телефон со потврда бил привремено одземен.

„Нешто подоцна Д.П. пријавил дека откако ги оставил парите на наведената локација, М.П. се вратил дома, по што и тој бил повикан на разговор во просториите на ОВР Берово, при што го признал делото, а предметните парични средства биле пронајдени и вратени на неговиот татко“, информираше МВР.

Инаку, по целосно комплетирање и документирање на настанот, до Основното јавно обвинителство Кочани ќе биде изготвен и доставен поднесок по член 258 од Кривичниот законик за „изнуда“, соопштија од МВР.

Слични содржини