БЕСА: ДУИ итно да го исклучи Беким Незир од партијата

од Vladimir Zorba

„ДУИ не треба само декларативно да го осудува нападот на М-НАВ туку итно да го исклучи Беким Незир и од партијата. Итно да побара разрешување од која било функција во М-НАВ!“, се вели во реакцијата на БЕСА.

„ДУИ не треба да продолжи да игра дволична улога туку да дејствува. А не како досега: прво дистанцирај се од Рамиз Мерко, а после гушкај го на партиски настани, дистанцирај се од Беким Незири, а после работи да го спасиш од правдата, дистанцирај се од Дрин Ахмети, а после награди го со „Соравија“!

Не е потребно само декларатива дистанца, туку потребно е акција!“, истакнуваат оттаму.

Слични содржини