Беше мажена за милијардер, а сега е со 27 години помлад маж

од desk2
97 прегледи

Таа е една од оние поранешни сопруги, кои со промена на статусот не губат ништо. Венди Денг Мардок е кинеско-американска бизнисменка која со 49 години изгледа како девојка. Поранешната сопруга на медиумскиот могул Руперт Мардок, сега е во прегратка на модел кој е доста помлад од неа.

Додека овие денови Венди Денг Мардок ужива во егзотиката на Сент Бартоломеј, Венди ја покажува сета својата убавина и раскош. А и одличниот вкус за мажи, затоа што е фотографирана на јахтата на сер Пол Макартни со својот избраник, дваесет и двегодишен модел и манекен Бертолд Захоран.

https://www.instagram.com/p/BdSfL3YD9a1/?taken-by=splashnews

„Тие се во врска речиси една година во врска, но за тоа не зборуваат јавно. Сепак, тоа е момче помладо 64 години од нејзиниот претходен сопруг и таа сега е многу внимателна“, вели неименуван извор за „Mirror“.

Симпатичната и младолика Венди долги години предизвикува големо интересирање, поради убавината и стилот, но и со љубовниот живот. Дури и своевремено ја спојуваа со рускиот претседател Владимир Путин, за кој вели дека и е добар пријател.

https://www.instagram.com/p/BdP8hmYlm_S/?taken-by=wendimurdoch

Венди од 1999 до 2013 година била во брак со медиумскиот магнат Руперт Мардок со кој ги доби ќерките Грејс Хелен и Клои.

https://www.instagram.com/p/Ba4mCkMlZgV/?taken-by=wendimurdoch

„Тој е прекрасен татко, учествуваме заедно во растењето на децата. Нашиот најважен договор е околу воспитувањето дека децата не смеат да поминуваат многу време на социјалните мрежи“, вели Венди.

Објасни дека рамноправно ги делат обврските околу децата и дека меѓу нив има неверојатно пријателство кое ги спојува.