Беснеат пожарите во Орегон, наредена евакуација на скоро 400 куќи

од Stefanija Kuzmanovska

Растечкиот пожар кој гори во шумата во Орегон принуди стотици луѓе да ги напуштат своите домови, бидејќи зафати повеќе од 95.000 хектари и не покажува знаци на смирување, соопштија властите.

Пожарот кој се рашири низ Националната шума Фремонт-Винема на околу 400 километри јужно од Портланд од 6 јули, уништи 21 куќа и 54 други објекти и загрози уште 1.926, според северозападниот меѓуагенциски координативен центар во Портланд, објави „Ројтерс“.

Наредена е евакуација на скоро 400 куќи. Нема информации за можни повредени.

Пожарот зад себе остави густ чад над блиските водопади Кламат, каде локалниот саем беше претворен во центар за евакуација на Црвениот крст.

Повеќе од 1.300 пожарникари се борат со пожарот, кој е седми по големина регистриран во Орегон од 1900 година.

Во Соединетите држави беснеат 60 големи пожари, кои проголтаа 404.680 хектари шуми и вегетација низ 12 американски држави, објави Националниот меѓуагенциски центар за пожари.

Слични содржини