Во развојот на децата, според новите истражувања, татковците во некои сегменти имаат поголемо влијание од мајките.
Истражувањето покажало дека татковците кои работат домашни работи имаат амбициозни ќерки.

Авторот на истражувањето Алиса Крофт, од Универзитетот Бритиш Колумбија, тврди дека татковците со своето однесување ги учат децата да размислуваат надвор од стереотипите.
„Важно е не само да разговараат за рамноправност на половите туку и тоа да го покажат“, вели Крофт.
Приказни за добра ноќ
Ако на децата им разкажувале приказни пред спиење, вокабуларот на децата им е побогат.
Татини гени
Истражувањето објавено во магазинот „Nature Genetics” покажало дека децата генетски се послични на татковците. Сме ја наследиле ДНК та од двајцата родители подеднакво, но гените од татковците повеќе ги користиме.
Груба игра
Активна игра и беснеење помагаат во учењето. Многу истражувања покажаа дека погруба игра со таткото им помага на децата да проценат ризик, да решат проблем, да ги спознаат своите граници, да управуваат со возбудата и агресивноста.
Исхрана
И исхраната на таткото влијае на идното здравје на децата. Татковците треба да внимаваат како се хранат ш/уште пред децата да се родат, за да им осигураат здрав живот.