Бетис го отпушти тренерот по победата над Реал

од desk2

Шпанскиот фудбалски прволигаш Бетис на својата официјална веб-страница ја објави веста за крајот на соработката со тренерот Кике Сетен.

Оваа одлука беше донесена од менаџментот на клубот по завршувањето на сезоната  во шпанскиот шампионат каде Бетис го освои 10. Место и не успеа да избори учество во евро-куповите.

Зелено-белите денеска во последното коло го победија Реал Мадрид, втор пат оваа сезона. Тие исто така ги победија и Барселона и Милан во Лигата на Европа, но тоа не беше доволно да се остварат зацртните цели.

Сетен го предводеше Бетис од мај 2017 година.

Слични содржини