Без епилог: Кога ќе биде закажана седницата за петтиот сет мерки?

од Nikola Popovski
260 прегледи

За претседателот на Собранието Талат Џафери се уште не биле исполнети деловничките услови за да ги стави на дневен ред законите од петтиот пакет економски мерки на гласање. Вели дека до него се уште не стигнале извештаите од комисиите, поради вакцинација на собраниските служби.

Парламентарното мнозинство не ги прифаќа како веродостојни изјавите на опозицијата за поддршка на законите од петтиот економски пакет. Тие бараат поголема гаранција дека овие закони ќе бидат ставени на гласање.

„Иако сите тие се недоволни и закаснети мерки сметам дека не треба ние да бидеме причина и пречка, барем од овој дел од задачите кои што ги имаме во Собранието да бидат завршени час поскоро поради економијата и стопанството. Не велам дека Собранието е функционално и дека нема други проблеми меѓутоа барем за овие од 5-от пакет економски мерки нема никакви пречки“, рече Никола Мицевски Координатор на ВМРО-ДПМНЕ, инсистирајќи дека услови за седница за 5 пакет мерки има.

Законите од петтиот пакет мерки се во Собраниска процедура уште од февруари, но поради големиот број амандмани од Алијанса за Албанците Алтернатива, останаа заглавени во Собранието. Деновиве прво ВМРО-ДПМНЕ ги повлече амандманите на Законот за државјанство, по што тоа го направи и Алијанса – Алтернатива.

Слични содржини