Без Прибак и Миркуловски на СП 2019

од desk2
199 прегледи

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Шпанецот Раул Гонзалез го скрати списокот и ги објави имињата на 22-та ракометари кои ќе ги започнат подготовките за Светско ракометно првенство кое во 2019 ќе се одржи во Германија и Данска.

Од првичниот список ги нема имињата на голманот Јане Цветкоски, Немања Прибак, Никола Маркоски, Филип Миркуловски и Марко Мишевски.

Првиот собир на ракометарите ќе биде в понеделник во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.