Безос веќе не е најбогат во светот

од Stefanija Kuzmanovska

ЏЕФ БЕЗОС ја загуби титулата најбогат човек во светот.

Имено, неговата вредност падна за 13,9 милијарди долари за само еден ден, бидејќи цената на акцијата на „Амазон“ минатата недела падна за 7 проценти, откако компанијата објави помалку очекуван раст во вториот квартал.

Падот на вредноста на Безос му овозможи на Французинот Бернар Арно да го заземе првото место во листата на најбогатите. Арно го води конгломератот за луксузни производи „ЛВМХ“, чии подружници се „Луј Витон“, „Сефора“, „Моет и Шендон“ и „Тифани и Ко“.

Арно го зголеми своето богатство за речиси 100 милијарди долари во текот на првата година од пандемијата. Нето богатството на Арно во понеделникот изнесуваше 195,8 милијарди долари, додека Безос имаше „само“ 192,6 милијарди долари.

Безос минатата година влезе во историјата како прв човек кој „вреди“ 200 милијарди долари, бидејќи „Амазон“ запиша огромни добивки од пандемијата. Двајцата милијардери се бореа за првото место во текот на мај и јуни оваа година, но неодамнешниот пресврт стави крај на 50-дневната низа на Безос на врвот.

Во светот има вкупно 2.755 милијардери, од кои 86 проценти се побогати отколку пред една година.

Слични содржини