Безжичниот пренос на електрична енергија е на пат да стане реалност

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Научниците штотуку ja надминаа голематa пречка на патот до остварување на безжичнотo емитување на електрична енергија кон објект што се движи.

Технолошкиот успех може да има успешно примена во голем број случаи, како на пример при пренесување на струја на електрични автомобили, додека тие се движат по автопатот, или зголемувањето на мобилноста на индустриските роботи.

Научниците од Стенфорд ги користеле резултатите од претходната работа на нивните колеги од MИT и успеале да емитуваат доволно електрична енергија, која бежичано била пренесена на растојание од еден метар, во која е вклучена LED диода, кој била во движење.

Иако има уште многу работа пред да успеат да емитуваат доволно енергија која ќе успее да покрене мал автомобил, но овој резултатот е голем пробив во областа. Р

аботата на безжичниот пренос на електрична енергија датира уште од зората на електричната револуција, кога Никола Тесла успеал да го зголеми напонот и кога користел капацитори и го има произведено она што денес го нарекуваме сонегово име Тесла калеми.