Безжичните слушалки на Google преведуваат странски јазици во реално време

од desk2
168 прегледи

Google синоќа во Сан франциско претстави нови хардвери, паметни телефони, лаптоп и надрградба за Google Home звучниците, а најголемо внимание добија новите слушалки кои имаат можност да преведуваат странски јазици во реално време.


Слушалките наречени Google Pixel Buds може да се спојат на кој било Android и Google Pixel паметен телефон кои се поврзани на виртуелен гласовен асистент. Со слушалките Pixel Buds корисниците може да се јавуваат на телефон да пуштаат музика, а што е најинтересно тие преведуваат странски јазици во рално време.

Pixel Buds имаат опција за слуѓање и разговор на странски јазици преку поврзаноста со телефонот. Тоа значи дека при слушање некој странски говор, слушалките автоматски го преведуваат на јазик кој вие ќе го одберете.