Безживотно женско тело најдено во кочанско, се уште не се утврдени причините за смртта

Во близина на Зрновска река е пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање

од Nikola Popovski
25 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Алфа Тв

По информацијата дека во кочанското село Зрновци, е пронајдено мртво тело на жена, со првични информации се огласија и од надлежните институции. Од Јавното обвинителство го потврдуваат настанот, за кој претходно се на појавија детали на социјалните мрежи и во одредени медиуми.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. До овој момент починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени, велат од Обвинителството.

Од полицијата го потврдија настанот.

-Денеска (21.03.2026) во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци, во место викано Ѓошевски орев, во близина на Зрновска река е пронајдено човечко тело, во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Слични содржини