Би-Би-Си укинува 450 работни места во секторот вести

од Aleksandar Petrovski

Би-Би-Си објави денеска дека ќе укине околу 450 работни места во секторот вести, како дел од заштеда од 80 милиони фунти и модернизација на програмата.

Корпорацијата објави дека истовремено ќе ја реорганизира својата редакција заснована врз моделот „новинарска приказна“.

– Треба да ја преобликуваме Би-Би-Си Њуз за следната деценија за да заштедиме значителна сума пари, рече Фран Франсвор, директор за вести и тековни работи.

– Ние трошиме премногу од нашите ресурси на традиционалното линеарно емитување, а не доволно за дигиталното, додаде тој.

Вo Би-Би-Си работат околу 6.000 луѓе меѓу кои и 1.700 вон Велика Британија. Нивниот буџет по потегот ќе биде околу 480 милиони фунти годишно.

Слични содржини