Во Австралија се појави ново кафе со брокула. Имено производителите направија прав од брокула кој се додава во шоља еспресо со млеко.

Едно кафуле во Мебурн веќе го има во понудата. Оние кои го пробале велат дека зеленчукот не се ни чувствува.
Според последните истражувања, 51 отсто од Австралијците не внесуваат препорачани дневни дози зеленчук во огрганизмот. Ова е еден од начините тоа да се подобри. Така, само две лажички брокула во прав, заменува една порција зеленчук во денот.
Правот од брокула го ставаат и во смути, во супа, во кашички за деца.
Брокулата не секој сака да ја јаде, а богата е со витамини Бе, калиум, магнезиум, цинк, и користи за спречување или лечење некои видови рак, помага кај крвниот притисок, болести на срцето, регулирање на столицата и холестеролот.