Бил Гејтс за „лошите одлуки“ и „личните порази“

од Nikola Popovski

Милијардерот и филантроп Бил Гејтс во својот последен пост на блогот „Gates Notes 2022“ напиша дека разводот со Мелинда Френч Гејтс претставува негов „личен пораз“.

Ко-основачот на Мајкрософт се пожали дека крајот на неговиот брак со Мелинда е една од најлошите одлуки што ги донел во последните години. Неговата сопруга Мелинда и тој објавија дека се разведуваат во мај 2021 година.

„Се случија некои од најтешките работи во мојот живот, смртта на татко ми и разделбата со сопругата Мелинда, со која продолжив да ја водам фондацијата. Ова беше тажна година за мене“, изјави Бил Гејтс.

Таткото на Бил Гејтс почина во септември 2020 година на 94-годишна возраст, а во август 2021 година, Бил се разведе од Мелинда по 27 години брак.

Тогаш двојката во заедничка изјава соопшти дека донеле одлука да го прекинат бракот. Двајцата се впуштија во нови романси. Мелинда во последните неколку месеци беше во врска со новинарот Џон Ду Пре, поранешен дописник на Фокс њуз.

Слични содржини