Основачот на компанијата „Microsoft“ и легенда во светот на технологијата, Бил Гејтс, во март ќе се појави во една епизода на популарната ТВ-серија „The Big Bang Theory“ и ќе се игра самиот себе.

Иако уште нема многу информации за содржината на епизодата, „Entertainment Weekly“ објави дека се знае дека Пени (Кејли Куоко) ќе го услужи Гејтс на работа, а момците „ќе направат сѐ што е во нивна моќ“ да го запознаат.
Гејтс со ова гостување ќе се приклучи на низата легенди од светот на науката и технологијата кои досега се појавиле во серијата, како Баз Олдрин, Елон Маск, Нил Деграс Тајсон, Стивен Хокинг и Стив Вознијак.

Серијата се емитува на малите екрани од 2007 година.
Гејтс досега има гостувано само во една ТВ-серија, во „Frasier“ во 2001 година.